Следниот месец почнуваат преговорите за членство на Црна Гора во НАТО

29.01.2016 11:43

Со испратената покана до Црна Гора „јасен е сигналот до оние кои сакаат членство во НАТО, вратите на Алијансата остануваат отворени“.

Преговорите за членството на Црна Гора во НАТО алијансата ќе почнат наредниот месец. Според генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг донесена е уште една важна одлука која се однесува на стабилноста на Западниот Балкан.

Со испратената покана до Црна Гора „јасен е сигналот до оние кои сакаат членство во НАТО, вратите на Алијансата остануваат отворени“.

Генералниот секретар на нато нагласи дека лани Алијансата продолжила да се прилагодува и да спроведува реформи, за да претставува модерна, ефикасна и одговорна институција.