Индустриското производство во декември со раст од 10,5%

29.01.2016 12:13

На годишно ниво, пак, индустриското производство во периодот јануари - декември 2015 година, во однос на периодот јануари - декември 2014 година, пораснало за 4,9%.

Индустриското производство продолжува да расте. Според последните податоци на Државниот завод за статистика, индустриското производство во декември 2015 година во однос на декември 2014 пораснало за 10,5%. На годишно ниво, пак, индустриското производство во периодот јануари - декември 2015 година, во однос на периодот јануари - декември 2014 година, пораснало за 4,9%.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи пораст од 4,9%, во секторот Преработувачка индустрија бележи пораст од 11,7%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 12,1%.

Според главните индустриски групи, производството во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, бележи пораст кај Енергија за 19,7%, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,7%, Капитални производи за 16,3%, Трајни производи за широка потрошувачка за 1,5% и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,7%.