ЕК: Конструктувна соработка меѓу политичките партии

29.01.2016 13:06

Портпарлоката на еврокомесарот Хан вели- Европската комисија повеќе пати повика дека е од најголема важност на партиите да го спроведат политичкиот договор, што тие го постигнаа заедно минатиот јуни и јули. Конструктивна соработка меѓу сите страни е од суштинско значење...

Европската комисија бара конструктивна соработка на политичките партии во Македонија  да обезбедат веродостојни и демократски парламентарни избори на 24-ти април, според договорот од Пржино.

Портпарлоката на еврокомесарот Хан вели- Европската комисија повеќе пати повика дека е од најголема важност на партиите да го спроведат политичкиот договор, што тие го постигнаа заедно минатиот јуни и јули. Конструктивна соработка меѓу сите страни е од суштинско значење за да се осигураат веродостојни и демократски избори.

Комесарот Хан очекува, во интерес на државата и на народот, сите партии да работат на постигнување на оваа цел.

Во средината на февруари Хан треба да пристигне во Македонија, и да направи увид во подготовките на предвремените парламентарни избори. Ќе има средби со преставниците на ДИК, ОБСЕ/ ОДИХР и со други инволвирани страни во подготовката и во организирањето на престојните избори.