Завршува екстерното тестирање за матурантите
29.01.2016 13:18
Со оценувањето беа опфатени речиси 20.000 ученици од завршните години од средните и стручните училишта кои полагаа два предмети.

Последен ден од екстерното тестирање за матурантите. Со оценувањето беа опфатени речиси 20.000 ученици од завршните години од средните и стручните училишта кои полагаа два предмети.
Заменик- министерот за образование Спиро Ристовски информира дека процесот тече нормално без проблеми, а надлежните се подготвни за измени и веќе се разговара со училиштата за подобрување на концептот.
Екстерното тестирање за матурантите се спроведува од 25 јануари.
