Почнува изградбата на експресниот пат Градско- Прилеп

29.01.2016 13:21

Потпишан е договор со штипска градежна компанија, вреден 31,8 милиони евра, за изградба на првата делница од Фариш до Дреновската клисура. Изведувачот има рок од 24 месеци да ја заврши делницата.

Почнува постапката за новиот експресен пат Градско- Прилеп. Потпишан е договор со штипска градежна компанија, вреден 31,8 милиони евра, за изградба на првата делница од Фариш до Дреновската клисура. Изведувачот има рок од 24 месеци да ја заврши делницата.

Патот од Градско до Прилеп ќе се прави во три фази. Со втората фаза е опфатена делницата од Градско преку Росоман до клучката кај Кавадарци, а третата е до влезот на Прилеп.

Потпишан е и договорот за реконструкција на регионалниот пат Кочани- Делчево, во должина од 30 километри. Инвестицијата изнесува 6 милиони евра.

Годинава ќе се градат уште четири експрени патишта: Штип- Кочани, Штип- Радовиш, Охрид- Пештани, Ранковце- Крива Паланка.