Комисијата за надзор во февруари во посета на УБК и АР
29.01.2016 13:33
На Комисијата за надзор на работата на тајните служби е заклучено во почетокот на февруари да се оствари работна посета.

На 9-ти и на 5-ти февруари е закажана надзорната посета на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) и на Агенцијата за разузнавање (АР) од страна на членовите на собраниската комисија за надзор над нивната работа.
Парламентарците ќе побараат информации од УБК и од АР за безбедносната состојба во Македонија, и дали евентуално има можност од терористички напади.
Претходно, едногласно беше усвоен заклучокот за соработка на Комисијата со Центарот за безбедност, развој и правда од Женева, Швајцарија
