Ријад предложи намалување на производството на нафта за 5%

29.01.2016 13:40

Предлогот е упатен до сите членки на ОПЕК, но и до оние што се надвор од картелот. Од Москва потврдуваат дека Русија добила ваков предлог што би значело намалување на продукцијата за 500 илјади барели дневно.

Најголемите земји извознички на сурова нафта внимателно го разгледуваат предлогот на Саудиска Арабија за намалување на производството за 5 насто во обид да се зголемат цените на светските берзи, кои се на најниско ниво во последниве 12 години.

Предлогот е упатен до сите членки на ОПЕК, но и до оние што се надвор од картелот. Од Москва потврдуваат дека Русија добила ваков предлог што би значело намалување на продукцијата за 500 илјади барели дневно.

Саудиска Арабија излезе со прелогот што официјално би требало да биде разгледан на министерскиот состанок во февруари, на кој, од државната „Трансњефт“ најавија дека ќе присуствуваат , за првпат по 5 години, кога ги прекинаа односите со картелот.

Неофицијално, во игра се две опции. Првата во следните две години цената да се плафонира на 35 долари за барел и втората Москва да се обиде да го убеди Ријад да ја кренат цената до ниво од 50 долари.