Легализирани околу 142 илјади дивоизградени објекти
Агенцијата за катастар на недвижности ги повикува сите социјално ранливи категории да поднесат барање до Катастарот за бесплатно изготвување геодетски елаборат. Досега оваа можност ја искористиле 4. 735 граѓани.

Заклучно со вчерашниот ден во Агенцијата за катастар на недвижности се запишани приближно 142 илјади легализирани дивоизградени објекти. Агенцијата за катастар на недвижности ги повикува сите социјално ранливи категории да поднесат барање до Катастарот за бесплатно изготвување геодетски елаборат. Досега оваа можност ја искористиле 4. 735 граѓани.
Ова денеска го истакна директорот на Агенцијата за катастар на недвижности Славче Трпески, во рамки на Отворените денови на Катастарот за граѓаните на општина Сопиште.
Агенцијата за катастар на недвижности ги потсетува граѓаните кои не поднеле барање за легализација на дивоизграден објект пред март 2011 година, тоа да го направат најдоцна до 31 март годинава.
