Вирусот Зика експлозивно се шири

29.01.2016 14:19

В понеделник ќе се одржи итен состанок во Женева за да се детирминира интензитетот на глобалната закана.

Вирусот Зика „експлозивно се шири“, предупреди генералниот директор на СЗО, со порака дека е можна епидемија од големи размери. В понеделник ќе се одржи итен состанок во Женева за да се детирминира  интензитетот на глобалната закана.

Годинава се очекува бројот на заболени да достигне до четири милиони. Во Бразил бројката се зголемува.

Нема третман и вакцина. Засега Зика вирусот е забележан во 23 земји.