Екипно натпреварување и во уметничко лизгање
Почнувајќи од Сочи, нова страница во олимписката историја ќе почне да испишува и спортот којшто во минатото го карактеризирала многу драма, но само во поединечна или во конкуренција на двојки. Отсега натаму и уметничкото лизгање ќе понуди завидна доза на екипна привлечност.

Слично како тимските борби во спортска гимнастика од минатите Летни Олимписки Игри во Лондон 2012, екипното натпреварување во уметничко лизгање ќе дебитира на годинашните ЗОИ во Сочи. Претставници на националните тимови ќе се борат во четирите дисциплини: машка и женска конкуренција, спортски и танцови двојки, но притоа ќе се смета севкупниот бодовен биланс.
Десет репрезентации се квалификуваа за премиерниот екипен натпревар во уметничко лизгање: Русија, САД, Украина, Јапонија, Италија, Франција, Германија, Кина, Канада и Велика Британија. Ќе можат да учествуваат лизгачи, лизгачки и двојки коишто се имаат квалификувано за нивните посебни натпревари.
По воведните задолжителни настапи, петте најдобри тима ќе обезбедат учество во слободната програма, во којашто ќе бидат дозволени по две замени.
Вклучувањето на екипното натпреварување не значи само дисциплина повеќе во којашто ќе се делат трофеи, туку и можност за екстра медал и за оние селекции коишто можеби немаат фаворити во поединечните конкуренции, но располагаат со квалитет за висок пласман.
Покрај Русија, претенденти за пиедесталот ќе бидат и Јапонија, Канада и САД.