ФЗОМ: На лицата со ниски примања автоматски ќе им се продолжува здравствено осигурување

29.01.2016 14:31

На осигурениците на кои автоматски ќе им се продолжи здравственото осигурување, нема да добијат нови решенија по пошта, ќе добијат само оние кои имаат повисоки приходи од лимитот.

ФЗОМ ги ослободи лицата со ниски примања да доаѓаат во Фондот за пререгистрација за да го остварат правото на здравствена заштита. На осигурениците на кои автоматски ќе им се продолжи здравственото осигурување, нема да добијат нови решенија по пошта, ќе добијат само оние кои имаат повисоки приходи од лимитот. 3.374-те лица кои за првпат се пријавиле во јануари и оние со поголеми нето приходи ќе треба да се пререгистрираат на шалтерите на ФЗОМ.

Според директорот на ФЗОМ, Сашо Стефаноски, Фондот автоматски ќе ги пререгистрира и лицата кои последните два месеци од годинава оствариле приход помал од 19.180 денари, а се во категоријата на осигуреници кои оствариле приход од 115.080 до 193.608 денари минатата година.

Другите две категории осигуреници кои плаќаат 50 отсто или 100 отсто од здравствениот придонес на просечна плата, ако се во рамките на лимити 115.080 денари до 193.608 денари, исто така не е потребно да доаѓаат за да се пререгистрираат на шалтерите на подрачните служби на Фондот.

Директорот на ФЗОМ, Орхан Рамадани рече дека како приходи на семејство се сметаат личните и приходите на членовите на носителот на здравственото осигурување, брачен другар или деца.