Јавна расправа за слободните здравствени зони
Првпат во Македонија ќе се формираат слободни здравствени зони. Со законот властите предвидуваа можност за здравствен туризам, привлекување на странски капитал, нови здравствени методи, зголемување на вработувањето и квалитетот на високобразовната понуда од областа на медицината. Опозицијата не се согласува со предложеното во законот. Во Собранието беше одржана јавна расправа...

Отворањето на првата слободна здравствена зона во земјава треба да се доживува како отворање на слободна индустриска зона. Тоа ќе значи влез на странски капитал и отворање работни места, образложи ресорниот министер Тодоров во расправата за предлог- законот.
Опозицијата не се согласува со предложеното. Пратениците на СДСМ сметаат дека не само што ќе биде оштетена државата, туку и пациентите од земјава, бидејќи за да се лекуваат во зоната ќе треба да плаќаат 30 проценти поскапи услуги од најскапите во установите што се нудат во Македонија.
Законот предвидува во зоната да бидат сместени болници од странски компании, ослободени од даноци. Во нив освен пациентите странци ќе може да се лекуваат и пациентите од земјава за кои се предвидува лекување во странство.
Фиљана Кока
