Ристовски: Екстерното тестирање без посебни забелешки

29.01.2016 15:24

Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски истакна дека очекува во наредните десет дена да има и резултати од екстерното тестирање за средношколците од завршните години.

Последен ден од екстерното тестирање за матурантите. Со оценувањето беа опфатени речиси 20.000 ученици од завршните години од средните и од стручните училишта, кои полагаа два предмета.

Заменик министерот за образование, Спиро Ристовски истакна дека очекува во наредните десет дена да има и резултати од екстерното тестирање за средношколците од завршните години.

Измени за екстерното тестирање ќе има, ние тоа и го најавивме. Но со оглед на динамиката и времето ќе мора да ги подготвуваме тие измени за периодот кој што следува, за да го зголемиме квалитетот на самиот процес за што и ние сме подготвени. Јавно кажавме и апелираме секој што има добра идеја да ја даде за уште поголемо подобрување на овој систем, рече Ристовски и додаде дека ваков или сличен систем функционира во повеќе земји.