Во „Кирил Пејчиновиќ“ екстерното доцнеше
22.01.2014 13:10
Само во средното училиште „ Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово екстерното испитување доцнеше...

Само во средното училиште „ Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово екстерното испитување доцнеше денеска еден час поради пад на интернет конекцијата.
За 20 илјади матуранти и ученици од завршните трети години во земјава во 96 училишта, екстерното испитување почна навреме, а тестирањата беа надгледувани од две илјади и деветстотини наставници.
Според надлежните, засега тестирањето минало без технички проблеми, а доколку се појават, ќе бидат санирани од соодветните служби.
