Америка повторно окована во мраз

22.01.2014 13:24

Североистокот на САД е повторно окован во мраз, иако уште не успеа да заздрави од претходниот поларен вител. Снегот достигна височина од 45 сантиметри, загинаа најмалку 3 лица во сообраќајни несреќи, а откажани се 3 илјади летови. Метеоролозите предупредуваат на голем студ ако стигне арктичката воздушна маса од Канада. Во Чикаго веќе се измерени -28 степени. Калифорнија, пак, се мачи да не ја изгуби жетвата поради сушата. Најголемиот производител на овошје и зеленчук во САД е во опасност од пожари и недостаток на вода.