Легализирани 142.000 објекти

29.01.2016 17:23

Досега се лагализирани 142.000 дивоградби. Надлежните апелираат - граѓаните да поднесат барање, да ја искористат можноста. Последниот рок е 31-ви март...

И по повеќе од 70 години Беадин Салиовски не може да ја земе во сопственост дедовата нива. По години талкање по институциите сеуште нема решение за неговиот случај. Денеска дојде во општината Сопиште и од стручните лица од катстарот доби информации за кои се надева дека ќе му помогнат, со што поскоро и да го легализира земјиштето.

Вкупно 142.000 објекти во Агенцијата за катастар на недвижности биле легализирани до вчера. Повеќе од 4.700 лица од социјално ранливите категории ги добиле бесплатните геодетски елаборати. Рокот за легализација на дивоградбите изградени до март 2011 рокот истекува на 31 март годинава.

Од општината порачуваат граѓаните да ги забрзаат постапките и да ги запазат роковите за легализација.

Агенцијата за катастар кон крајот на 2015- тата го пушти во употреба дистрибутивниот систем кој овозможува онлајн купување на производи од катстарот. Досега овој систем го искористиле 335 физички лица.

 

Дијана Ценевска