Светот на нозе – вирусот Зика крена паника

29.01.2016 17:34

Генералниот директор на СЗО, Маргарет Чан, со порака дека e можна епидемија од големи размери. В понеделник ќе се одржи итен состанок во Женева за да се детерминира интезитетот на глобална закана. Бразил најпогоден, секојдневно нови заразени.

Производството на вакцинацијата против вирусот Зика кој „експлозивно се шири“,  може да трае со години, а дотогаш ќе нема ефикасен лек. Генералниот директор на СЗО, Маргарет Чан, со порака дека  e можна епидемија од големи размери. В понеделник ќе се одржи итен состанок во Женева за да се детерминира интезитетот на глобална закана. Бразил најпогоден, секојдневно нови заразени.

„Најголемиот предизвик со кој се соочува нашиот јавен здравствен систем е дека треба да понуди постојана помош за овие деца. Ќе биде голем предизвик за нас, за екпертите и за јавниот здравствен систем, затоа што државните болници ќе мораат да имаат план и да бидат подготвени да се справат со вируост Зика“, вели д-р Марија Ангела  Рока – педијатар и експерт за инфективни заболувања во Бразил.

Кели се заболела за време на бременоста со нејзината ќерка која сега има 3 месеци, двете имаат Зика. Вирусот не се пренесува со човечки допир, но е опасен за новороденчињата поради можно воспаление на мозокот.

„Не знаеме што ќе биде со нејзе, како ќе се развива...“- вели нејзината мајка. 

Во државите каде е најзастапен се препорачува жените да не забременат. Бројката на заболени се очекува да доситгне до четири милиони. Засега Зика вирусот е забележан во 23 земји.

Игор Стефановски