Ердоган не се откажува од спорните реформи
22.01.2014 13:28
Турскиот премиер Ердоган, за време на првата посета на ЕУ во изминатите 5 години, одби да се откаже од спорните реформи на највисокото судско тело, Врховниот совет на судии и обвинители. Европските лидери изразија загриженост поради неговиот одговор на корупцискиот скандал – разрешување на полицајци, обвинители и судии кои, како што верува, сакале да му ја ослабнат политичката положба со истрагата. Ердоган веруваше дека ова ќе биде „година на европската унија“ за Турција.

Со жестоки обвинувања почна мировната конференција за Сирија Женева 2. Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун ги предупреди власта и опозицијата да се задржат на конструктивна дискусија, но двете страни не попуштија од своите позиции. Клучна пречка во планот за политичка транзиција е иднината на претседателот Асад, кој не сака да се повлече, како што инсистираат сириската национална коалиција и САД.