Германскиот државен министер Рот во посета на Македонија

01.02.2016 10:05

Тој ќе се информира за внатрешно политичката состојба, како и за бегалската криза. Предвидени се разговори со претставници на владата и опозицијата, граѓанското општество и со невладини организации.

Државниот министер, надлежен за Европа, во Министерството за надворешни работи  на Германија, Михаел Рот, во дводневна посета на Македонија.

Тој ќе се информира за внатрешно политичката состојба, како и за бегалската криза. Предвидени се разговори со претставници на владата и опозицијата, граѓанското општество и со невладини организации.

Пред посетата на земјава, за „Дојче Веле“, Рот изјави дека треба да се спроведат европски избори во земјава.

Тој ќе учествува и на јавната дебата со студентите од универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ Скопје.