Електронска евиденција на тутунот

01.02.2016 10:08

Од денеска почнува електронското евидентирање на тутунското производство. Податоци ќе бидат внесени во комјутерскиот ситем во најблиската подрачна единица на Министерството за земјоделство. Тунарите документот ќе го добијат и во печатена форма...

Со електронската евиденција ќе се воспостави целосен увид на производството и на откупот на тутун.

Тутунарите ќе треба да пополнат пријава  во писмена форма пред потпишување на договорите која ќе биде електронски доставена до откупувачите.

На тој начин ќе се има увид кој производител и за која парцела има склучено договор со што се елеиминира можноста да се прават двојни и тројни договори за исти површини.

Досега се откупени скоро 13 илјади тони тутун, а се исплатени 85 проценти од преземените количества со просечната цена од 186 денари за килограм.

Методија Трајков