Над 10 илјади деца мигранти се сметаат за исчезнати во Европа

01.02.2016 10:25

Според Брајан Доналд, еден од шефовите на Европската полиција, околу 5 илјади деца исчезнале во Италија, а не се знае судбината на илјада во Шведска.

Најмалку 10 илјади деца бегалци без придружба на родители исчезнале по доаѓањето во Европа, пишува британски „Гардијан“, повикувајќи се на извори од Европол.

Според Брајан Доналд, еден од шефовите на Европската полиција, околу 5 илјади деца исчезнале во Италија, а не се знае судбината на илјада во Шведска.

Станува збор за паневропска злосторничка инфраструктура, која организира и сексуална злоупотреба и модерно ропство на овие деца, велат во Европол.