Јавна расправа за владеење на правото и за судството
Седница ќе одржи и Комисијата за надворешна политика. На дневен ред се ратификациите на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Република Албанија за соработка во областа на образованието...

Јавна расправа за итни реформски приоритети за Република Македонија поврзани со владеење на правото и судство ќе одржи денеска собраниската Комисија за европски прашања.
Седница ќе одржи и Комисијата за надворешна политика. На дневен ред се ратификациите на Договорот меѓу Владата на Република Македонија и Советот на Министри на Република Албанија за соработка во областа на образованието и науката и на Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Србија за соработка во областа на образованието, науката и технологијата.
Пратениците треба да се изјаснат и за ратификацииите на Протоколот кон Спогодбата за стабилизација и асоцијација меѓу Република Македонија од една страна и Европските заедници и нивните земји-членки од друга страна, со кој се зема предвид пристапувањето на Република Хрватска во Европската унија и на измените и дополнувањата на член 8 од Римскиот Статут на Меѓународниот кривичен суд и на измените и дополнувањата на Римскиот Статут на Меѓународниот кривичен суд во врска со злосторството на агресија.
Како петта точка на седницата е предложена ратификација на Договорот за воена финансиска соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција и Протоколот за спроведување на финансиска помош помеѓу Владата на Република Македонија и Владата на Република Турција.
