Над 53 илјади потврди за азил издадени во јануари

01.02.2016 11:35

Според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија 26.490, Авганистан 16.896и Ирак 10.047.

Во изминатото деноноќие издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно двајца странски државјани, од кои еден  од машки и еден од женски пол, од Авганистан, соопшти МВР.

Само во јануари 2016-та издадени  се потврди на вкупно 53.436 странски државјани, од кои 22.128 се од машки пол, 11.527 се од женски и 19.679 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102 дете кои патуваат без родител. Според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија 26.490, Авганистан 16.896и Ирак 10.047.

Во истиот период до Секторот  за азил поднесени се шест барањаза признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и две од Сирија

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 31.01.2016 година евидентирани се вкупно 22  баратели на азил од кои 13 мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.