Убиен лидерот на „црвените кошули“
Во Тајланд е убиен лидер на провладините „црвени кошули“, на почетокот на 60-дневната вонредна состојба. Антивладините демонстранти и натаму блокираат делови од Бангкок и бараат оставка од премиерката Шинаватра.
„Немаат излез, затоа прогласија вонредна состојба. се обидуваат да не затајат“- вели демонстрант.

Шинаватра распиша избори на 2 февруари, но опозицијата ги бојкотира и бара до промената на системот Тајланд да го води народен совет. Вонредната состојба прогласена вчера вечер и дава на владата моќ да ја контролира толпата и да ги цензурира медиумите, но нејасно е како ќе се спроведува.