Судскиот процес за „Дива населба“ почнува на 9-ти февруари

01.02.2016 13:20

Обвинети се вкупно 30-мина, најголем дел се државјани на Косово, дека од јануари 2015 година подготвувале терористички напади во Македонија.

На 9-ти февруари во скопскиот Кривичен суд е закажано судењето за групата обвинета за тероризам во кумановската „Дива населба“.

Обвинети се вкупно 30-мина, најголем дел се државјани на Косово, дека од јануари 2015 година подготвувале терористички напади во Македонија.

Во кумановските настани животот го загубија 8 полицајци, 42-ца беа тешко повредени, а загинаа и 10 припадници на терористичката група.