Јанева образложи зошто ги исклучила двете обвинителки
Специјалната обвинителка Катица Јанева денеска пред Советот на јавните обвинители даде изјава во врска со отстранувањето на двете обвинителки од тимот. Таа додаде дека останува на Советот да донесе одлука по тоа прашање.

Специјалната обвинителка Катица Јанева пред Комисијата на Советот на обвинители изјави дека нема ништо спорно во нејзината одлука за разрешувањето на обвинителките од нејзиниот тим Лејла Кадриу и Марија Ѓоргевска. Одлуката ја засновала врз намалениот обем на работа.
Според претседателот на Комисијата за утврдување на релевантноста на исказите, Сашо Василевски, потребни се итни амандмански интервенции во Законот за специјално обвинителство. Во спротивно, Советот на обвинители и ова обвинителство и во иднина ќе се доведува во слични ситуации, изјави Василевски.
Претходно, пред истата комисија обвинителките Кадриу и Ѓоргевска побарале да бидат вратени на своите работни места. За ова прашање ќе реши Советот на обвинители.
