Кабул: Најмлаку 10 жртви во експлозија на бомба

01.02.2016 15:18

Бомбаш самоубиец без придружба се разнел меѓу пешаците пред влезот на полициската зграда.

Најмалку 10 загинати, 20 се ранети при екплозија пред полициска станица во Кабул. Бомбаш самоубиец без придружба се разнел меѓу пешаците пред влезот на полициската зграда.

Повеќето од ранетите пренесени во болниците се мажи, изјавија од Министерството за здравство.Талибанците ја презедоа одговорноста.