Наши компании на саем во Кина
22.01.2014 13:53
Македонските компании ќе ја претстават својата понуда на најголемиот саем во светот...

Македонските компании ќе ја претстават својата понуда на најголемиот саем во светот, што се одржува во Гуангжу, во кинеската провинција Гуангдонг.
На изложбен простор од неверојатни 1,1 милион квадратни метри секоја втора година се претставуваат повеќе од 55 илјади компании.Со помош на Кинескиот центар за надворешна трговија Стопанската комора на Македонија ќе организира заеднички настап на сите домашни производствени и трговски компании, што ќе пројават интерес да учествуваат на Кинескиот извозно- увозен саем.
Во рамките на македонскиот павилјон ќе бидат презентирани производи на: електроника, хардвер и алатки, машини, градежни материјали, медицински помагала, облека и обувки, прехранбени и земјоделски производи, индустриски суровини, ткаенини, апарати за домаќинство.
Свето Николовски
