Законот и дал автономија на Јанева за разрешување на двете обвинителки
Специјалната обвинителка, Катица Јанева, пред Советот на јавни обвинители даде изјава за отстанувањето на двете обвинителки од нејзиниот тим. Вели, законот и давал автономија за ваквата одлука. Комисијата има препораки, Советот на јавните обвинители ќе го даде конечниот збор...

Специјалната јавна обвинителка, Јанева даде исказ пред комисијата зашто ги разрешила од нејзиниот тим обвинителките Лејла Кадриу и Марија Ѓорѓева. Обвинителката ја бранеше својата одлука- смета дека има автономност да постапува, а така решила поради намалениот обем на работа.
„Автономноста тука се знае како ќе се толкува, јас сум таа што одлучува кој и како ќе работи во Јавното обвинителство, тоа е кажано на Советот, не би сакала понатаму да коментирам“, изјави Јанева.
Според претседателот на Комисијата за утврдување на релевантноста на исказите, Сашо Василевски потребни се итни амандмански интервенции во Законот за специјално обвинителство. Во спротивно, Советот на обвинители и ова обвинителство и во иднина ќе се доведува во слични ситуации.
„Катица, со право ги користи одредбите од Законот, каде што вика заради намалениот обем на работа доволни ми се 10 јавни обвинители кои ќе работаат во мојот тим, но во овој закон никаде не е прдвидена постапката во вакви ситуации. Каква одлука ќе донесе во иднина советот јас не можам да прејудицирам. Да бидам и поконкретен, земислете не е предвидена ниту двостепеност во постапката“, вели Василевски.
За поднесената кривична пријава против тројца обвинители од нејзиниот тим, Јанева рече дека подносителот на кривичната пријава ќе треба да ги образложи тврдењата. Таа најави дека на 15-ти март ќе даде отчет за својата работа пред Советот на јавни обвинители и пред Собранието.
Фиљана Кока
