Современа опрема за осум театри во Македонија
Заврши проектот за целосно опремување на осум театри во земјава со светслосна, сценска и тонска опрема...

По 30 години, во осум театри старата и дотраена опрема замина во историјата. Заменета е со најсофистицирана. Во новата техника се инвестирани 17 и пол милиони денари. Театарските работници велат дека на овој начин ќе се подигнат стандардите на продукцијата на сценските дела.
Најмодерни реквизити се поставени и во Битола, Прилеп, Куманово, Штип, Струмица и во Охрид. Министерката Канческа рече дека се обновиле Центрите за култура, се вработиле актери, режисери и драматурзи, а годинава е зголемен буџетот за оваа дејност.
За оваа година планирани се 125 проекти од драмската дејност, дел од нив и со реномирани странски драматурзи и режисери.
Викторија Милевска
