Белгија врати 111 бегалци во Ирак
01.02.2016 17:12
Белгискиот државен секретар за азил и миграции потенцира дека се работи за враќање на доброволна основа, односно дека не станува збор за протерување.

Белгија стана првата држава во ЕУ која врати ирачки беглаци назад во Ирак. Авионот со 111 бегалци кои доброволно решија да се откажат од азилот во Белгија, рано изутрината отпатува од Брисел за Багдад.
Белгискиот државен секретар за азил и миграции потенцира дека се работи за враќање на доброволна основа, односно дека не станува збор за протерување.
Властите во Брисел не ги гледаат ирачаните како бегалци, туку како економски мигранти.
