Конкурс за давање на услуги од областа на здравјето на растенијата
Објавен е конкурс за давање на услуги од областа на здравјето на растенијата. Со него ќе се избираат правни и физички лица кои ќе имаат овластување да издаваат пасоши за растенијата...

По завршување на конкурсот Фитосанитарната управа ќе издава дозволи за вршење на лабораториски анализи, дијагностицирања на штетните организми и издавање на пасоши за растенија.
Пасошите се воведува првпат оваа година како пилот проект со поддршка на Европската Унија.
Пасошот за растенијата е документ со меѓународно значење, кој се прикачува на садниците и е наменет за внатрешно движење на прегледан и здравствено исправен саден материјал.
Времетраењето на дозволата е најмногу 3 години.
Огласот трае 8 дена од објавувањето, односно од 27-ми јануари 2016 година.
Методија Трајков
