Попоски на неформален состанок на ПСЈИЕ во Софија
Предвидено е Попоски да има обраќање во кое ќе ги изнесе ставовите на Република Македонија во однос на актуелните случувања во регионот, со посебен акцент на состојбата со миграциите и бегалската криза и нивното влијание врз вкупните состојби и соработката во регионот и пошироко...

Во Софија неформален состанок на министрите за надворешни работи на Процесот за соработка во Југоисточна Европа(ПСЈИЕ). Акцент на сосотојбата со миграциите и бегалската криза.
Ќе учествува и министерот за надворешни работи Никола Попоски. Како што информира МНР, предвидено е Попоски да има обраќање во кое ќе ги изнесе ставовите на Република Македонија во однос на актуелните случувања во регионот, со посебен акцент на состојбата со миграциите и бегалската криза и нивното влијание врз вкупните состојби и соработката во регионот и пошироко.
На маргините на настанот, предвидено е Попоски да оствари и билатерални средби.
