Експлозивно ширење на вирусот Зика, СЗО прогласи вонредна состојба
Зголемениот број на случаи на микроцефалија и други невролошки абнормалности во Латинска Америка е опасност за светското јавно здравје, мора да се дејствува многу брзо, изјави Маргарет Чан, директорката на СЗО.

Вирусот Зика има потенцијал на експлозивно ширење. Светската здравствена организација (СЗО) прогласи вонредна состојба.
Не постои опасност од откажување на Олимписките игри во Рио де Жанеиро поради епидемијата на вирусот Зика, соопшти бразилската претседателка Дилма Русеф. Воедно издаде дозвола здравствените работници да влегуваат на сила на приватни имоти на кои треба да се уништат комарците.
Зголемениот број на случаи на микроцефалија и други невролошки абнормалности во Латинска Америка е опасност за светското јавно здравје, мора да се дејствува многу брзо, изјави Маргарет Чан, директорката на СЗО.
Во меѓувреме и Хондурас прогласи вонредна состојба. Во земјата досега се регистрирани повеќе од 3.500 случаи на заразени од вирусот. Во Колумбија каде што болеста се шири многу брзо, владата почна со кампања за едукација на населението.
