Круз и Клинтон водат во Ајова

02.02.2016 10:49

Тед Круз е победник во првите прелиминарни избори на Републиканската партија во американската сојузна држава Ајова. Кај Демократите, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон и сенаторот Берни Сендерс водеа изедначена битка.

Сенаторот од Tексас Тед Круз е победник во првите прелиминарни избори на Републиканската партија во американската сојузна држава Ајова. Тој освои 28 проценти од гласовите пред милијардерот Доналд Трамп со 24 проценти и сенаторот од Флорида, Марко Рубио со 23 отсто.

Останатите републикански претседателски кандидати добија поддршка под 10 проценти.

Кај Демократите, поранешната државна секретарка Хилари Клинтон и сенаторот Берни Сендерс водеа изедначена битка.

Сепак, Клинтон победи со минимална предност на првите прелиминарни избори на демократската партија во Ајова.

Следните прелиминарни избори ќе се одржат во Њу Хемпшир идниот вторник.