Почнува извозот на месни и млечни производи во Русија
Го отворивме и рускиот пазар како стратегиски голем за нашите компании кои во текот на февруари треба да ги извезат првите количини млечни и месни производи, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски.

Од овој месец Македонија ќе почне да извезува млечни и месни производи на рускиот пазар. Го отворивме и рускиот пазар како стратегиски голем за нашите компании кои во текот на февруари треба да ги извезат првите количини млечни и месни производи, изјави директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) Зоран Поповски.
Минатата недела официјално е одобрен пласман на живина во ЕУ, а во ноември минатата година беше потпишан и Договор за извоз на смрзнато јагнешко месо во Кина.
Македонија може да извезува млечни производи во САД. Се работи и на извоз на месни производи, на одобрување пласман на риба што наскоро се очекува, како и на извоз на производи од живинско месо во ЕУ.
Според директорот на АХВ, ќе останат уште производите од свинско месо за кои во наредните години исто така ќе биде овозможен извоз на европскиот пазар, а оттаму и во сите други држави.
