За 24 часа издадени 908 потврди за азил

02.02.2016 11:09

Според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија-532, потоа 214 на државјаните на Ирак и на 162 државјани на Авганистан.

За 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 908 странски државјани, од кои 333 од машки и 201 од женски пол, како и на 374 деца кои го придружуваат носителот на потврдата, соопшти МВР.

Според државјанството, најбројни се државјаните на Сирија-532, потоа 214 на државјаните на Ирак и на 162 државјани на Авганистан.

Од почетокот на годинава издадени се потврди на вкупно 54.344 странски државјани, од кои 22.461 се од машки пол, 11.728 се од женски и 20.053 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102 деца кои патуваат без родител, а најбројни се државјаните на Сирија-27.022, Авганистан-17.058 и Ирак-10.261.

Во истиот период до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле седум лица (пет од Авганистан и две од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 01.02.2016 година евидентирани се вкупно 19 баратели на азил од кои 14 мажи, една жена и две деца со придружба на старател и две малолетни лица без придружба на старател.

Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.