Туск ќе претстави нов предлог за договор со Велика Британија

02.02.2016 11:36

Беше постигнат напредок изминатите 24 часа, но се уште има нерешени прашања, соопшти Туск.

Претседателот на Европскиот Совет Доналд Туск денеска ќе го претстави новиот предлог на Брисел за договор со Велика Британија во врска со нејзините барање за реформи на Унијата, кои според Лондон се услов за останување на земјата во ЕУ.

Беше постигнат напредок изминатите 24 часа, но се уште има нерешени прашања, соопшти Туск.

По презентирањето, предлогот ќе биде испратен до сите 28 земји-членки на ЕУ, во обид да се постигне договор до самитот на Унијата закажан за 18-ти февруари.