Турција ќе прими 2,5 милиони бегалци од Сирија и Ирак

02.02.2016 11:52

Европската унија врши голем притисок врз Турција да спроведе поригорозни гранични контроли за да се спречи приливот на бегалци.

Турција ги отвори вратите за повеќе од 2, 5 милиони беглци од Сирија и од Ирак. Нашата влада за нивно згрижување потроши повеќе од девет милијарди долари, соопшти турскиот претседател Ердоган за време на неговата посета на Чиле.

Европската унија врши голем притисок врз Турција да спроведе поригорозни гранични контроли за да се спречи приливот на бегалци.

Според податоците на УНХЦР, Турција е земја која згрижила најголем број бегалци.