Вашингтон:

Руски воен авион го наруши турскиот воздушен простор

02.02.2016 12:30

Стејт Департментот потврди- руски воен авион на 29-ти јануари го нарушил турскиот воздушен простор.

Стејт Департментот ги потврди тврдењата на Анкара дека руски воен авион на 29-ти јануари го нарушил турскиот воздушен простор.

„Можеме да потврдиме дека имало нарушување ја повикуваме Русија да го почитува турскиот воздушен простор и да ја прекине активноста што создава ризик од засилување на нестабилноста во регионот“, изјави портпаролот на Стејт Департментот Џон Кирби, кој воедно додаде дека дека САД се солидарни со Турција.