Министерот Јолевски на средба со помошникот генерален секретар за мировни операции на ОН, Вејн
„Придонесот на Република Македонија во мисиите предводени од Обединетите ации, посебно мисијата УНИФИЛ, претставува потврда за нашиот придонес кон светскиот мир и безбедност“, порача Јолевски за време на состанокот. Министерот Јолевски и помошник генералниот секретар Вејн разговараа и за општата безбедносна состојба во регионот на Југоисточна Европа и пошироко.

Учеството на Армијата на Република Македонија во мировните операции на ООН, со цел зачувување и унапредување на мирот и стабилноста во светот, Европа и пошироко беше клучната тема на разговор помеѓу министерот за одбрана на Република Македонија, Зоран Јолевски и помошникот генерален секретар за мировни операции на Обединетите нации, Ел Гасим Вејн за време на нивната вчерашна средба во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.
„Придонесот на Република Македонија во мисиите предводени од Обединетите ации, посебно мисијата УНИФИЛ, претставува потврда за нашиот придонес кон светскиот мир и безбедност“, порача Јолевски за време на состанокот. Министерот Јолевски и помошник генералниот секретар Вејн разговараа и за општата безбедносна состојба во регионот на Југоисточна Европа и пошироко.
Република Македонија, истакна министерот Јолевски, со учеството во зачувувањето и унапредувањето на принципите и правилата врз кои се базирани меѓународните закони е одговорен член на меѓународната заедница и активен учесник во напорите на светската организација за воспоставување на глобален мир, безбедност и просперитет.
Средбата во Њујорк е дел од посетата на Министерот Јолевски со делегација од Министерството на САД. Во текот на денешниот ден, министерот Јолевски ќе биде еден од говорниците на настанот организиран од сенаторот Џејмс Инхоф, на кој ќе говори и Џејмс Џефри, заменик советник за национална безбедност на поранешниот претседател Буш.
На настанот ќе гостуваат повеќе од 50-тина лица вработени во Администрацијата, Сенатот и Конгресот и разни институти. Се очекува во текот на денот да се сретне и со поранешниот секретар за одбрана, Доналд Рамсфелд, како и со поранешниот заменик помошник секретар за одбранбена политика на Европа и НАТО, Даниел Фата. Воедно министерот Јолевски ќе се обрати на настанот организиран од страна на Германскиот Маршал Фонд на тема „Безбедноста и Мигрантската криза во Западен Балкан“.
