Франција

Уапсени пет лица во Лион, подготвувале напади во ноќни клубови

02.02.2016 13:55

Меѓу уапсените има и една жена.

Француската полиција уапси пет лица во град Лион, за кои постои сомнение дека подготвувале напади во ноќни клубови, а потоа планирале да избегаат во Сирија.

Меѓу уапсените има и една жена. Полицијата соопшти дека кај приведените биле најдени карти и план според кој требало да им се приклучат на екстремистите во Сирија.