Грантови од по 1.500 евра за 200 нови работни места

02.02.2016 13:23

Огласот за мерката е отворен денеска и нема временско ограничување, односно ќе трае додека не се испони предвидената бројка.

Преку мерката за финансирање микро и мали претпријатија, за која се издвоени вкупно 18 милиони и 400 илјади денари, ќе се отворат 200 нови работни места. Со по 1.500 евра ќе се финансира секое новоотворено работно место во претпријатијата. Огласот за мерката е отворен денеска и нема временско ограничување, односно ќе трае додека не се испони предвидената бројка.

Заинтересираните компании можат да аплицираат за отворање од 1 до 5 работни места, а средствата ќе ги добијат во опрема и репроматеријали. Триесет проценти од средствата, ќе бидат наменети за субвенционирање на отворање работни места за млади до 29 години, односно ќе бидат отворени осумдесеттина работни места за овие лица.

„Оваа мерка се покажа како многу успешна, или најуспешна од сите мерки. Со неа се отворени 569 работми места, а успешноста  и одржливоста на новите работни места е 90 проценти“, изјави заменик министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов.

Директорот на Агенцијата за вработување на Република Макеоднија, Влатко Попоски појасни дека претпријатијата кои ќе аплицираат треба да имаат најмалку еден вработен. При апликацијата треба да достави бизнис план за идните вработување и проширувањето на бизнисот. Ќе се проверува и дали претпријатијата имаат долгови по основ на даноци или придонеси.