МОН објави конкурс за стипендии за студии по старотурски јазик
Досега 9 студенти добиле ваква стипендија. Најголем дел од нив студираат во Софија. Конкурсот за стипендиите e веќе објавен и ќе трае до 30-ти септември.

Продолжува стипендирањето на студентите кои го изучуваат старотурскиот јазик. Ресорното министерство трета година по ред доделува 20 целосни стипендии за додипломски или постдипломски студии.
Досега 9 студенти добиле ваква стипендија. Најголем дел од нив студираат во Софија. Конкурсот за стипендиите e веќе објавен и ќе трае до 30-ти септември.
Кандидатите треба да исполнат неколку услови. Стипендијата е целосна и ги покрива сите трошоци на студирањето и за престојот на кандидатот во земјата каде што избрал да студира.
Заменик-министерот за образование и наука Спиро Ристовски очекува интересот да биде уште поголем и да аплицираат повеќе кандидати, подвлекувајќи дека согласно со конкурсните критериуми, по завршување на студиите тие имаат гарантирано работно место во некоја од државните институции кои поседуваат материјали на старотурски, како Државниот архив на РМ, МАНУ, Институтот за национална историја.
