Метео: Заладување од четврток

02.02.2016 14:40

Утре попладне облачноста ќе се зголемува, а од четврток ќе настапи заладување со засилен ветер...

Претежно сончево и топло време во Македонија се очекува и утре со умерен повремено засилен северозападен ветер особено во западните делови од земјава.

Попладне облачноста ќе се зголемува, а од четврток ќе настапи заладување со засилен ветер, врнежи од дожд и снег на планините, но и на некои повисоки места.

Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска