Од почетокот на годинава во Европа пристигнале над 67.000 имигранти

02.02.2016 14:42

Во јануари во Европа преку Грција влегле 62.193 имигранти и бегалци. Според грчките власти, 91 отсто од нив се луѓе од три земји -Сирија, Авганистан и Ирак

Од почетокот на годинава преку Средоземното Море во Европа пристигнале над 67.000 имигранти и бегалци, соопшти денеска во Женева потпаролот на Меѓународната организација за миграции (ИОМ), Џоел Милман,

Во јануари во Европа преку Грција влегле 62.193 имигранти и бегалци. Според грчките власти, 91 отсто од нив се луѓе од три земји -Сирија, Авганистан и Ирак, изјави Милман, додавајќи дека од 1 до 31 јануари во Италија пристигнале уште 5.000 имигранти и бегалци, меѓу кои и многу деца без придружба.

Меѓу дојденците има вкупно 19.781 деца. Според податоците на ИОМ, од 29 јануари, па до денеска, бројот на имигрантите и бегалците кои дошле во Европа се зголемил за речиси 12 000 лица.

Во својот обид да стигнат на Европа загибаа 368 лицам нагалси Милман.