Нови елетронски услуги во ФЗОМ
Според директорите на Фондот, со овие услуги се затвора кругот на цел процес на електронско работење во делот на боледувања, а бенефит ќе почувствуваат сите граѓани кои имаат потреба од надомест на плата и боледувања...

Две нови електронски услуги во Фондот за здравство. Електронски ќе се издаваат барања за боледувања и породилно отсуство. Електронски ќе се поднесува и барање за остварување надомест за плата. Од нив бенефит ќе имаат осигурениците, фирмите и матичните лекари.
Според директорите на Фондот, со овие услуги се затвора кругот на цел процес на електронско работење во делот на боледувања, а бенефит ќе почувствуваат сите граѓани кои имаат потреба од надомест на плата и боледувања, компаниите каде работат овие лица кои електронски ќе поднесуваат барање за нивниот вработен, што беше и барање на самите компании, а и матичните лекари затоа што веќе нема потреба да пополнуваат хартиени обрасци, туку сите податоци стануваат електронски достапни.
Очекувани бенефиции од користење на порталот електронско барање за боледување се едноставен начин на доставување документи преку сопствениот компјутер, намалување на метежот на шалтерите на ФЗОМ, информираност на осигурениците, точна и достапна информација за сите боледувања, намалување на хартиената документација.
