Аус опен-10 ден

Нема ниту кај дамите одбрана на тронот, Азаренка надвор од игра

22.01.2014 14:25

Едно е јасно на првиот тениски грен слем Австралискиот, повоторување на трета односно четвртата година со ред на исти шампиони нема да има.

По Ѓоковиќ и Азаренка вон терените во Мелбурн парк. Таму ја прати 5-то рангираната Радванска, која со прецизна, мудра и убава партија (6:1,5:7,6:0) конечно го мина 1/4 финалниот праг на кој три години со ред се сопнуваше. Радванска својот премиерен настап во завршната 4-ка на хартија ја прави фаворит, но, од спротива на мрежата ќе ја има изненадувачката полуфиналистка 20-то рангираната Цибулкова.

25 годишната Цибулкова, по Шарапова денеска и зама мерка и на Халеп, 11-тата на листата во Мелбурн (6:3, 6:0) и тоа супер лесно во два сета по минат само час на терен.

Па сега веќе комплетна е 1/2 финалната слика кај дамите. Фуриозната доттука, 4-тата носителка На Ли наспроти сезационалната Бушар дебитантката во Мелбурн со 30-ката до своето име, како и денешните триумфални протагонистки 5-тата Радванска и 20-тата Цибулкова.

Дефинитивно мака мачат поситните носителски бројчиња.

Убаво се препоти првиот како светски така и турнирски рекет Надал со 20-тиот бугаринот Димитров, кој пружи силен отпор и притисок кој самиот го наметна но не и издржа до крај (3:6, 7:6, 7:6, 6:2). По безмалку 4 часа надигрување во 4 сета  тој сепак мораше да честита на најдобриот тенисер на планетава. Димитров запишува и нови лични стандарди на Австралискиот турнир со избореното место во големата 8-ка на своето само 4-то учество.

Затоа на Надал му се отвора шанса по 4-ти пат да игра Мелбурнско 1/2 финале, а за да ја повтори финалната 2012-та или победничката 2008-ма ќе треба да мине преку петкратниот освојувач и три пати во низ 1/2 финалист Федерер.

Швајцарецот местото во завршната 4-ка го избори во променлив неизвесен до последен удар меч по 4 сета (6:3, 6:4, 6:7, 6:3) со минатогодишниот финалист и 4-ти носител Мареј, на кого ако ништо повеќе му се реваншира за ланската рана елиминација во 4-тото коло.