Работен состанок на Заев со Села и Мемеди

02.02.2016 15:16

Заев потврди дека до ДИК доставиле известување дека е прифатлива методологијата од комисијата откако вчера и владејачката ВМРО ДПМНЕ го направи истото.

Средба на лидерот на СДСМ, Зоран Заев со претседателите на Движењето за реформи  ДПА, Зијадин Села и на Националната демократска преродба Весел Мемеди. Без прочистен избирачки список и регулација на медиумите избори на 24-ти април не се можни.

Заев потврди дека до ДИК доставиле известување дека е прифатлива методологијата од комисијата откако вчера и владејачката ВМРО ДПМНЕ го направи истото. Заев смета дека за целосно пречистување на избирачкиот список се потребни 90- тина дена.

На работните групи циркулира нацрт- законот за регулирање на медиумската сфера и за СДСМ е прифатлив предлогот на посредникот Ванхауте.

Тројцата лидери демантираат дека ова е почеток на создавање предизборна коалиција, но сите опции се отворени.