Рот: Лидерите да се држат до договореното
„Клучот за решавање на политичката криза е во Скопје, а не во Брисел“- порача германскиот државен секретар за Европа, Михаел Рот. Побара од лидерите да се држат до договореното заради доброто на државата...

„Клучот за решавање на политичката криза е во Скопје, а не во Брисел“- порача германскиот државен секретар за Eвропа, Mихаел Рот на дебатата на Правниот факултет. Вели дека лидерите на политичките партии треба конечно да сфатат дека станува збор за иднината на државата и дека треба да се држат до договореното - во спортивно ризикуваат изборите да не бидат фер и демократски.
„Заеднички се надеваме дека ќе и ставиме крај на политичката криза, со помош на договорот од Пржино кој ги идентификува итните реформски приоритети, како што се владеењето на правото, слободата на медиумите, корупцијата и политизацијата на државните институции. Имплементацијата на договорот и реформите се далеку од тоа што треба да се, многу рокови и можности се испуштени. Работата на специјалното обвинителство неколку пати е опструирана, рерформите за медиумите не се ни почнати, а пред неколку месеци требаше да почне и прочистувањето на избирачкиот список“, рече Рот .
„На Македонија и треба Европската унија и обратно“- рече германскиот политичар и порача дека вратата на еу е отворена за Македонија, но само ако земјата ги исполни реформите.
„Целосната имплементација од договорот ќе не стави во добра позиција да го ревитализираме интеграцискиот процес на Македонија во ЕУ. Во минатогодишниот извештај за напредокот на вашата земја, Европскта комисија изрази подготвеност да ја одржи отворена препораката за продолжување на преговорите за членство, доколку договорот од Пржино е спроведен. Знам дека патот до членството во ЕУ е долг, напорен и исцрпувачки и ја разбирам вашата фрустрираност. Ваше право е да бидете нетрпеливи, но во исто време ваша обврска е јавно да го изразите својот став и да бидете дел од овој процес. Зборуваме за промени кои бараат ангажман од владата, но и од граѓаните“, нагалси Рот.
За спорот со името, Рот рече дека може да се најде решение ако двете страни се подготвени на компромис. Во однос на бегалската криза, ставот на Германија е да се постигнат одржливи решенија во делот на зајакнување на контролата на надворешната граница на Унијата.
Викторија Милевска
